ОБОИ СИ ГО ЖИВОТОТ И ДОМОТ!
Календарски се поздравуваме со зимата! Тоа значи подолг ден, повеќе сонце и многу боја!
Новите колекции на КАРЕ се како создадени за да внесеш дополнителна доза колорит и во твојот дом и во твојот живот.
Колоритниот мебел и додатоците носат многу придобивки во домот, во случај да се двоумиш дали да ги вклучиш во ентериерот:
Создавање позитивна атмосфера – Впечатливите бои можат да го подигнат расположението и да внесат енергија во просторот.
Изразување на личен стил – Боите помагаат да го направиш домот уникатен и да ја одразиш својата личност.
Динамика и карактер – Наместо монотон изглед, боите внесуваат живост и разиграност.
Влијае на емоциите – Топлите тонови (жолта, портокалова, црвена) создаваат енергичност, додека студените (сина, зелена) носат смиреност.
Лесно освежување на просторот – Ако не сакаш да менуваш големи парчиња мебел, само додај колоритни перници, теписи или декорации за брза трансформација.
Идеално е да избалансираш бои со неутрална основа за да добиеш хармоничен, но впечатлив амбиент.
Како и секогаш, кај КАРЕ инспирација нема да ти недостасува и затоа во продлжение ќе ти посочиме дел од нашите фаворити за оваа сезона.